lirikcinta.com
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

lirik lagu tajni mesta (тајни места) – ld pistolero

Loading...

тајни места

прва строфа:
ги чувам битните ствари на тајни места
од луѓе што се расположени само за престап
измислици од новиот поредок светски
сили шпиунраат профили, километри мерат во миљи
гласот си го слушам два пати додека зборам
во последно време зборат се слуша додека зборам
некој слуша ѕидот има уши и душа за да те врати кога
живот ќе те напика во гужва
утре ѓубре четврт месо бурек ќе јаде човек
што ќе шета жигосан со џип и suv
ти нема лага ко што нема иднина
дефицит на емоционално свесни своја интима
тоа не чека ништо не е ко што било некад
се губиме во системот полека
не држат ко на мета залепени ко лепак
легијата е автономна рима што им смета
и затоа не нејќат а сеуште сме тука
го чуваме рапот зошто ни значи како дукат
и затоа ќе ќутат а римиве се вечни
направија вилица што ќе гризе од обични заби млечни

рефрен: (х2)
знам да ги скријам, битните ствари на тајни места
за да помирно спијам а таму нека седат се додека
надвор е војна и не се врати се како што било некад

втора строфа:
лечиме луѓе преку смс пораки
нема пари буџетот да трпи порази
игрици на среќа за сиромашни
во радиус од 1 километар од моцарт до страдивариус
не нејќат едноставно таков е менталитетот
го бркаме миљонот место се што нуди светот
затворени во матрикс, редици и низи милиони
програмирани мисли колони така не гледаат они
цените растат паѓа куповната моќ
се менува се туку така преку ноќ
едукација безбедност медицина се задња рупа
свирала наместо да се прва виолина
ко да водат инат цврст помеѓу себе
во секој случај секогаш народот кој го ебе
затоа ги чувам битните на тајни места
се што треба знам а се што не сакам да не знам

рефрен: (х2)
знам да ги скријам, битните ствари на тајни места
за да помирно спијам а таму нека седат се додека
надвор е војна и не се врати се како што било некад

lirik lagu lainnya :

YANG LAGI NGE-TRENDS...

Loading...