lirikcinta.com
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

lirik lagu комшиски муабет (komshiski muabet) – legijata

Loading...

[прва строфа * тонио сан]
шетајки се низ маала
во прекрасен
есенски ден
слушам музика на дискмен
кој ми е подарок за роденден
од мојата втора мајка
и најдобра другарка
збориме сленгови кои секој не ги сваќа
повторно немам батерии
да купам нови серии
па нема трафики * ене, продавници
културно си влаѓам, продавачот не знам зошто зјапа
ја му викам „добар ден“, тој мисли ќе му крадам
а не ни имав такви мисли, неќам белји
разгледувам да најдам што ми треба, тој ме следи, вели:
„побрзај, купи, оди
не сакам проблеми
од типот на крадци со детските фаци што ми матат води“
реков: „чекајте, зошто ме вреѓате вака?
тоа што носам поширока јакна не значи, ќе крадам
само сакам да си купам ја батерии
и да слушам римти, памтам, како секој друг ги фала
пријатно се губам
башка мислев бакшиш да оставам
тој вика: „дечко, извини, стварно, што те сомневам
али знаеш како е деновиве во ова мало“ * викам: „незнам
задржете го кусурот и чао!“
[втора строфа: тонио сан]
одејки накај дома напизлен си мислам
кукуриме на лугево во маалава
ѝ викам „добар ден“
на комшијката од влез
таа мене поглед
ко да сум рекол нешто, кое не е во ред
си викам заеби
кога за некој ден
дознавам во мало пуштен е муабет, подрумот е ограбен
а крадецот е комшија од зградата
време кога секој во секој се сомнева

[рефрен] х2
правиме галама и се тресе цела зграда
кога green out се во куќа
појачај басот да лупа

[трета строфа: лд пистолеро]
се врти муабет во влезот дека фатен сум на дело
сите комшии се шекспир, јас во филмот сум отело
гори село
а бабата се чешла, не ѝ чује
секој стан ќе биде пцуен
така сакал, така му е
чудни луѓе
дилерот од подоле е фатен
само што се ожени, од затвор уште не е вратен
нема струја
децава ги ваделе бушоните
па види го на што личи со тоа панталоните
до колена
вие касните за чистачка се дерете под прозор
до сабајле сте на улица
па не сте деца
љушпи од банани, пак на скали, гаси*пали, пак се жали светлото вредело, пари * има стари
куќен совет мора да се свика
вака не ми било никад да го пијам од екипа
оној вика
„мора да се чисти отпадок од петиција
дајте ми потпис да го тргнеме од патот! “
ама како
цела зграда корумпирана
почнувајки од полицаецот над мене * вистина!
ви зборам
зошто тука растев, тука живеам
от такв’ефект*муабети, целосно се изолирам
сите вие
треба ли да сте дел от мојот наслов
болат овде само ушиве и во средина прстот
нема многу, за да толкувам во ваши очи
мојот молив, моја почит пишувам додека молчиш
усти скинати ве сошив
утредента знаев кого не треба да прегрнам поради сношти
добродушен сум па простив
моливот се скрши
но со вашите карактери го наострив
[рефрен] х2

lirik lagu lainnya :

YANG LAGI NGE-TRENDS...

Loading...