lirikcinta.com
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

lirik lagu losh sin – matej foltz

Loading...

здраво тато, знам дека не ме слушаш
имам 18 и не сум веќе бушав
замина без да те гушнам а немаше да те пуштам да можев
но реши да не напушти твојата душа

не верувам во господ, не верувам во чуда
му верувам на близок, но не верувам во другар
он знае дека сме тука и заедно сме во дупка
да искочиме го земаме тоа што не го нудат – кеш

себичен сум, не сум метнат на тебе верник
не сум за тоа јас сфатив боље е да си грешник
а патекиве се тешки, ако ги одиш пешки
уште потешко е ако одиш сам – грешиш

имам товари на рамово му тежи
но сепак нудам да се потпрат да ги теши
и го научив од тебе тоа, да имам силна воља
и да сум среќен дури работи да не ми одат

средното при крај е, а ко да немам гајле
матеј дома го нема и до сабајле, кај е?
секад осеќам кривица кога мајка се нервира
дека можеби сум такво дете кое не капира

ни фалиш знај, но сега треба да ни стане навика
дека веќе те нема, дека нема да се вратиш пак
а јас морам да се зафатам со работа
смачено во станов да гледам како младоста
умира од гладот и од гадоста, доста е
а ти и мајка ќе сте на мене горди тато знај

за сите глупости те молам тато прости
бев и останав за тебе како лош син
а ствариве кои се случија се лоши
ќе бидам боље човек иако сум лош син
за сите глупости те молам тато прости (тато прости)
бев и останав за тебе како лош син
а ствариве кои се случија се лоши (многу лоши)
ќе бидам боље човек иако сум лош син

мислам се заљубив, годиниве се најлуди
она е топ, знае да ме насмее и налути
да беше тука досега, ќе се запознаевте
и знам дека тебе баш ќе ти се допаднеше
ја сакам, а ваљда и она мене ме сака
барем така вели, но добро лаже ако е лага

а јас не сум лут, иако не зборевме
иако беше тука али како да си онемел
иако едвај примети на крај дека сум променет
почнавме да збориме но касно беше отиде

ми даде пример дека животот е краток
да се лутам и плукам по него дека е таков
и ти ветувам колку и да ми се мења ставот
можеби сум лош син но ќе бидам боље татко
фала

за сите глупости те молам тато прости
бев и останав за тебе како лош син
а ствариве кои се случија се лоши
ќе бидам боље човек иако сум лош син
за сите глупости те молам тато прости (тато прости)
бев и останав за тебе како лош син
а ствариве кои се случија се лоши (многу лоши)
ќе бидам боље човек иако сум лош син

lirik lagu lainnya :

YANG LAGI NGE-TRENDS...

Loading...